За третина од емисиите на стакленичките гасови е одговорна индустријата за фосилно гориво

Податоците собрани од американскиот Институтот за климатска одговорност и објавени од Гардијан го потврдуваат она што веќе многумина го знаат: во срцето на климатската криза се наоѓа индустријата за фосилни горива.

Клучно откритие на анализата е дека 20 компании кои се бават со нафта, гас и јаглен можат директно да се поврзат со емисијата на повеќе од третина од сите стакленички гасови од енергетската индустрија во модерната историја.

Тим истражувачи од Институтот за климатска одговорност, предводен од Ричард Хид, го истражувал влијанието на големите нафтени компании врз климата од 1965 година, откако влијанието на фосилните горива врз животната средина им стана познато на лидерите во глобалната индустрија и политичарите.

Нивното главно откритие е дека 20 компании се одговорни за 35% од сите емисии на јаглерод диоксид и метан на глобално ниво поврзани со енергетика, што изнесува 480 милијарди тони јаглерод диоксид од 1965 година. Од сите тие емисии создадени од 20 компании, 90 проценти потекнуваат од нивните бензин, дизел и млазни горива, природен гас и јаглен, а за останатите се одговорни активностите на експлоатација и испорака на фосилни горива.

На врвот на листата на загадувачи се добро познати компании како Шеврон, Ексон, БП и Шел. Според истражувањето, овие четири корпорации се одговорни за 10 проценти од глобалните емисии на јаглерод од 1965 година. На списокот се наоѓаат и 12 државни корпорации, вклучувајќи ги и рускиот Гаспром и Саудиски Арамко.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе