За Трамп медиумите се најголемиот непријател на Америка

Само неколку часа по враќањето од патувањето на кое го испофали едниот од најлошите светски диктатори, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи „лажните вести“ за најголемиот непријател на САД.

„Многу е смешно да се гледаат Лажните Вести, особено Ен-би-си и Си-ен-ен. Тие силно се борат за да го намалат значењето на договорот со Северна Кореја. 500 дена претходно би „молеле“ за овој договор – изгледаше дека може да избие војна. Најголемиот непријател на нашата земја се Лажните Вести кои толку лесно ги промовираат будали!“, напиша Трамп во фантастичниот твит, пренесуваат американските медиуми.

Новинарката на Њујорк тајмс Меги Хаберман му одговори со твит со свое толкување на пораката: „Некој не е среќе од насловите кои го рефлектираат она што се случи наместо она што тој сака да кажат дека се случило“.

Водителот на Ем-ес-ен-би-си Лоренс О’Донел иронично праша: „Кој договор? Нема договор со Северна Корја“. Писателот на научна фантастика Патрик С. Томлинсон на твитот на Трамп одговори директно: „Никој не молеше за овој „договор“ без обврски или инспекции. Ќе молеа за договор како оној со Иран кој ти го уништи како љубоморно дете“.

Професорот по новинарство Ден Гилмор им напиша општа порака на новинарите: „Драги новинари, кога некој ќе прогласи војна против вас и вашата слобода на изразување, имате две опции. 1. Да се предадете (што многумина веќе го направија нормализирајќи ги овие нешта). 2. Да најдете сојузници и да се борите како никогаш досега за заштита на слободата на изразување за сите, не само за вас“.

На Трамп не му се некарактеристични нападите врз медиумите, кои ги преставува како свои непријатели, а практично секоја критика на своја сметка ја нарекува „лажни вести“. Во 2017 во еден твит неколку етаблирани медиуми ги нарече „непријатели на американскиот народ“. Тој напад предизвика особено згрозување во американската јавност, имајќи предвид дека личи на пресметка на диктатор со независни медиуми, но Трамп редовно новинарите и медиумските куќи ги опишува како „нечесни“, „лажни“ и „пропаѓачки“.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе