За Трамп израелските населби на окупираните територии повеќе не се нелегални

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео денес најави пресврт во ставот на САД за израелските населби на окупираниот Западен брег, пренесуваат агенциите.

Трамповата администрација со овој потег значително ги ослабува обидите на Палестинците да ја остварат својата држава, но актуелната постава во Белата куќа со овој потег го менува правното мислење на американската влада која е на сила од 1978 година, а според кое цивилните населби на окупираните територии „не се во согласност со меѓународното право“.

Би-би-си јавува дека американскиот државен секретар Помпео кажа дека Израелците и Палестинците треба да преговараат за статусот на Западниот брег.

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе им нанесе неколку силни удари на палестинските обиди да остварат државност – донесе одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел и таму ја пресели американската амбасада и го затврои палестинското дипломатско претставништво во Вашингтон.

Меѓународната заедница со големо мнозинство ги смета израелските населби на окупираните палестински територии за нелегални, што се темели на четвртата Женевска конвенција која забранува на окупациска сила да сели делови од своето цивилно население на окупирана територија.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе