За Трамп американските Евреи кои гласаат за демократите не се лојални граѓани на САД

Активисти, политичари и многу други припадници на еврејската заедница во САД жестоко му се нафрлија на американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата вчерашна изјава дека „секој американски Евреин кој гласа за демократите или апсолутно ништо не знае или искажува нелојалност“.

Изјавата ја даде откако неодамна беа објавени резултати дека повеќето Евреи во САД се определуваат како демократи.

Сенаторот Берни Сандерс, кој се натпреварува за претседателската номинација во Демократската партија, на Трамповата изјава реагираше со зборовите дека себеси се смета за „горд Евреин кого ни најмалку не го загрижува тоа што ќе гласа за демократите“. Алудирајќи на себе, за време на кампањата во Ајова кажа дека на следните избори ќе гласа за човекот кој сака да стане првиот еврејски претседател на САД“.

Трамп не прецизираше што точно сакал да каже кога изјави дека американските Евреи не се лојални граѓани, но интересно е што тоа фо кажа набрзо по нападот врз двете пратенички на Демократската партија во Конгресот, Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои жестоко го критикуваат Израел и неговата политика кон Палестинците.

На инсистирање на Трамп Израел минатата недела на овие конгресменки им забрани влез во земјата.

На Тлаиб набрзо потоа ѝ беше дозволен влез на хуманитарна основа за да може да ја посети бабатта која живее во окупираниот Западен брег, но таа ја одби можноста изјавувајќи дека „нема да му дозволи на Израел да ја злоупотребува нејзината њубов кон семејството ниту ќе се покори на неговата репресивна и расистичка политика“.

Трамп, пак, Омар ја нарече „катастрофа за Евреите“, додавајќи дека не го „трогнале солзите на Тлаиб“.

На критичарите на Трамп не им требаше многу време да почнат да објавуваат коментари на социјалните мрежи, при што Иф нот нау, здружение на млади американски Евреи кое се залага за прекин на израелската окупација на палестинските територии, на Твитер напиша: „Ова обвинување за нелојалност не е знак за антисемитизам. Тоа е додворување на неговото националистичко белечко гласачко тело. Американските Евреи и демократските политичари мора да стават крај на тоа“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе