663.000 американски долари

За скандалот со Кембриџ аналитика Фејсбук казнет со сума што ја заработува за 7 минути

Фејсбук се соочува со својата прва финансиска казна затоа што ѝ дозволи на фирмата за анализа на податоци, Кембриџ аналитика, да пребарува по личните податоци на милиони непознати фејсбук-корисници.

Одделот на британската влада што го испитуваше скандалот со Кембриџ аналитика соопшти дека планира да го казни Фејсбук со 663.000 американски долари за прекршување на законот со тоа што не ги заштитил информациите за корисниците, објави АП.

Износот е максимумот што агенцијата, Канцеларијата на комисијата за информации, може да го наложи за кршење на британските закони за приватност на податоци. Казната е ситница за Фејсбук, кој ја собира таа сума приближно на секои седум минути, врз основа на приходите од првото тримесечје од 11,97 милијарди долари.

Но ова ќе претставува прва конкретна казна за скандалот на компанијата со приватноста, кој ја наруши нејзината репутација, привремено ги урна нејзините акции и го принуди извршниот директор Марк Закерберг да сведочи пред Конгресот. Сепак, нема да има значителни трајни последици.

Кембриџ аналитика, лондонска фирма финансирана од богати републикански донатори, работеше за кампањата на Трамп во 2016 година и некое време во неа работеше Стив Банон.

Според поранешниот истражувач на податоци од Кембриџ Аналитика, „свиркачот“ Кристофер Вајли, целта на фирмата била да создаде психографски профили што би можела да ги искористи за да ги собере гласовите на поединците подложни на влијание. Кембриџ аналитика беше затворена во мај.

Кривичното дело се случи пред да се воведат новите закони на Европската Унија за заштита на податоците, кои овозможуваат многу поголеми парични казни.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе