По телефон

За што разговарале Путин и Ердоган

По иницијатива на турската страна, денеска бил одржан телефонски разговор помеѓу лидерите на Русија и Турција, објави прес-службата на Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонскиот разговор ја истакнале важноста и интензивирањето на напорите за решавање на ситуацијата во Сирија, вклучувајќи и решенија во рамките на Астанскиот формат.

Тема на разговорот биле и билатералните односи, регионалните проблеми и поновиот развој во Либија.

За време на разговорите, двајцата претседатели изразиле загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во Либија и утврдиле дека има потреба од итно прекинување на огнот и обновување на преговарачкиот процес.

Претседателите на Русија и Турција се согласиле да ги продолжат своите контакти на различни нивоа.

Ердоган му изразил сочувство на Путин за смртоносниот пожар во руската подморница во кој неделава загинаа 14 морнари.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе