За секојдневни активности

На Французите од денес им е потребна ковид-пропусница

Во Франција, од денес, секојдневните активности, како на пример одење на кафе или возење со воз, ќе им бидат дозволени само на оние кои ќе покажат потврда дека се вакцинирани, преболеле ковид-19 или имаат негативен тест за коронавирус, бидејќи на сила стапи контроверзната мерка што предизвика масовни протести во земјата.

Фото: ЕПА

Построги правила, вклучително и задолжителна вакцинација на сите здравствени работници до 15 септември, ќе бидат на сила до средината на ноември и ќе важат за сите возрасни лица.

Тинејџерите на возраст од 12 до 17 години ќе мора да имаат таква потврда од 30 септември.

Рестораните, меѓуградските автобуси, авионите, саемите и здравствените установи се само некои од местата каде што ќе треба да покажат дигитална здравствена пропусница, која веќе е потребна од средината на јули за посета на кино, музеј или поголем настан.

Но, министерот за здравство, Оливие Веран, во неделата за Ле Паризиен изјави дека некои правила нема да бидат толку строги како што е планирано, како што е валидноста на негативен тест до 72 часа, наместо 48. Самотестирањето е исто така можно, доколку се изведува под надзор на доктор.

Протестите против мерките во текот на викендот привлекоа повеќе од 200.000 луѓе. Масовни протести се одржуваат секој викенд откако претседателот Емануел Макрон најави промени во средината на јули за да се спречи порастот на инфекции со коронавирус.

Од 67 милиони жители во Франција, околу 63 проценти примиле барем една доза од вакцината против ковид-19. Повеќе од половина се целосно вакцинирани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе