За Путин најважниот настан во 2020 е одбележувањето на годишнината од победата над нацизмот (ВИДЕО)

Претседателот на Русија Владимир Путин откри што, според него, ќе биде најважниот настан на следната година.

За Путин најважно е одбележувањето на 75-годишнината од победата во Големата татковинска војна, јавуваат руските медиуми.

„Можам да кажам што ќе биде најважно во следната година. тоа е 75-годишнината од победата во Големата татковинска војна, тоа е сосема очигледно за сите нас“, изјави Путин.

„Годината што заминува беше работна, би кажал. Важно е да се изанализира сѐ што се случи во изминатата година, а потоа ќе можеме да кажеме што било најважноот настан во животот на земјата и животот на секој човек“, додаде рускиот претседател.

Путин истакна дека кога ќе почне новиот ден, тој заборава како завршил претходниот, додавајќи дека е така и со секоја нова година.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе