За прв пат во историјата, авион леташе од Њујорк до Сиднеј без застанување (ВИДЕО)

Авион на австралискиот превозник по 19-часовен лет слета во Сиднеј. Тоа е првиот лет без прекин од Њујорк до Австралија.

Куантас Кју-Еф 7879 полета од аеродромот во Њујорк Џон Ф. Кенеди во петокот вечер и слета на аеродромот Кингсфорд Смит во Сиднеј во неделата наутро.

Во моментов, Сингапур ерлајнс го има светски најдолгиот комерцијален лет од Сингапур до Њуарк, кој трае 18,5 часа.

Куантас го пренамени новиот Боинг 787-9 Дримлајнер за експериментален лет со максимум гориво и намален број патници и багаж, без терет за да му овозможи на авионот да лета без прекини.

Куантас Боинг 787-99 со 49 луѓе во него летаа точно 19 часа и шест минути помеѓу Њујорк и Сиднеј на пат долг 16.200 километри.

Куантас следниот месец ќе тестира нон-стоп лет од Лондон до Сиднеј, а до крајот на годината ќе донесе одлука за тоа дали редовно ќе воведе вакви долги летови. Доколку се донесе позитивна одлука, првите летови би можеле да започнат во 2022 или 2023 година. Како што објави Си-ен-ен пред неколку дена, се очекува овие авиони да започнат со комерцијални услуги.

Во авионот имало 49 лица: патници, пилоти, екипаж, научни и медицински експерти. Повеќето од патниците на пробниот лет биле вработени во Куантас, но меѓу нив има и шестмина доброволци, лојални членови на клубот на Куантас за собирање километри.

Бјорн Ферм, аеронаутички и економски аналитичар во Лехем њуз, пред летото за Си-Ен-Ен травел изјави дека има неколку причини зошто патниците претпочитале ултра долг непрекинат лет наспроти летот со запирање во Дубаи или Сингапур. Нема прекини во патувањето, дополнителни царински контроли и стрес поради трансфер, рече Ферм.

„Може да планирате да летате ноќе и да пристигнете на вашата дестинација и да имате продуктивен ден. Деловните луѓе ќе сакаат да летаат на овој начин“, објасни Ферм.

Ако 19-часовниот лет стане реалност, тоа веројатно ќе ги чини патниците повеќе. „За авиокомпаниите е поевтино да организираат патувања во два одвоени летови, но има луѓе кои се подготвени да платат повеќе за ваков билет“, вели Ферм.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе