Долг пет километри

За прв пат е отворен автопат со ѕид кој го дели израелскиот и палестинскиот сообраќај

Израел денес го отвори автопатот на Западниот брег со ѕид на средината, прв од ваков вид, со цел да се оддели израелскиот од палестинскиот сообраќај, што наиде на осуда од палестинските официјални лица.

Израелското Министерство за транспорт соопшти дека патот, вклучувајќи ги и безбедносните мерки, обезбедува „решение за целото население, и за израелското и за палестинското“, пренесе Тајмс оф Израел.

Денес се инаугурирани пет километри од Патот 4370 поделен со бетонски ѕид на кој има жичена ограда.

Двете ленти на патот ја поврзуваат еврејската населба Гева Бинјамин со северниот дел на Ерусалим, со соседството Француски Хил, и се наменети за израелските возила и Палестинците кои имаат дозвола за влез во Ерусалим, наведоа израелските медиуми.

Двете други ленти се одвојуваат и водат источно и јужно од Ерусалим без пристап до самиот град и се наменети за возилата на Палестинци кои немаат дозвола за влез во Ерусалим.

Постојат и други поделени патишта на Западниот брег, но ниеден нема ваква бариера висока осум метри.

Отворањето на патот предизвика осуди од организациите за човекови права, Палестинската управа и Палестинската ослободувачка организација (ПЛО).

„Ова е израелски пример на апартхејд и расна поделба кое некогаш постоеше во Јужна Африка. Секој Израелец кој верува во демократија треба да се срами од новиот пат“, рече член на Извршниот комитет на ПЛО Ахмед Маждалани.

Израелските власти рекоа дека патот е наменет да го олесни сообраќајниот метеж на контролниот пункт на влезот во северен Ерусалим и да ја зајакне врската помеѓу населбите со еврејско население и градот.

Израелскиот министер за јавна безбедност, Гилад Ердан изјави дека патот „е пример на способноста да се создаде поделен живот меѓу два народа“ и да се води грижа за безбедносните предизвици.

Официјални лица од Палестинската управа и организациите за човекови права рекоа дека патот ја нагласува дискриминацијата против Палестинците. Изградбата на патот е започната уште во 2005 година, но со години останал недовршен, наведе АП.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе