Изменет законот за заштита од заразни болести

За погрешно носење маска во Хрватска казна 65 евра

Хрватска од денес почнува да го казнува кршењето на епидемиолошките мерки, па така за неправилно носење маска казната ќе изнесува 500 куни, односно 65 евра.

EPA-EFE

Хрватскиот Сабор го измени законот за заштита на населението од заразни болести, па така сопственик на приватен имот, доколку организира или дозволи одржување приватно собирање спротивно на уредбите на овој акт, ќе плати парична казна во износ од 5.000 до 10.000 куни (650 до 1.300 евра), јавуваат хрватските медиуми.

Правно лице, доколку не се придржува до епидемиолошките мерки, ќе биде парично казнето од 10.000 до 40.000 куни (1.300 до 5.200 евра). За прекршоците за одговорните лица во правното лице, како и претприемачите и физичките лица кои вршат самостојна дејност е пропишана парична казна од 5.000 до 10.000 куни (650 до 1.300 евра). Во Хрватска вчера биле евидентирани 3.955 нови случаи на зараза со коронавирусот, а починале 68 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе