Тотален пресврт

За можниот опасен судир на двата воени брода се криви голи руски морнари (ВИДЕО)

Три дена откако руската Пацифичка флота го обвини американскиот воен брод дека, вршејќи опасен маневар, за малку погоди руски уништувач, стигна доказ дека ситуацијата е спротивна.

Руските агенции претходно го пренесоа соопштението на руската морнарица дека американскиот воен брод „Ченселорсвил“, инаку брод со проектили, пришол на само 50 метри од рускиот разорувач „Адмирал Виноградов“ во источниот дел на Јапонско Море. Тие почнаа меѓусебно да се обвинуваат.

Меѓутоа, американската морнарица објави снимка за која тврди дека е доказ дека за ситуацијата е виновна руската морнарица, а не американската, бидејќи на снимката се гледа дека руските морнари се сончаат на палубата на разорувачот „Адмирал Виноградов“, поради што, како што се вели, се смета дека со невнимание ги довеле во опасност обата брода, бидејќи за малку ќе дошло до директен судир на бродовите, кои превезуваат опасни и деструктивни проектили.

„Американската морнарица објави видео на кое се гледа дека УСС Ченселорсвил е принуден да маневрира за да се избегне судир, откако рускиот уништувач Удалој I изведува небезбеден и непрофесионален пристап во Филипинско Море, на 7 јуни“, пишува во прилог на видеото.

На ова поранешниот командант на руската морнарица адмиралот Валентин Селиванов за руските медиуми рече дека постои „време за војна и време за сончање“.

„Источно Јапонско Море. Нашиот брод во движење на отворено море... морнарите и офицерите биле на ручек. Тие се на пауза по ручекот, горди што ѝ служат на својата земја“, додаде адмиралот.

„И, се разбира, ако еден се сонча, ќе се сончаат и други. И да, ако се сончате, мора да се соблечете ако сакате да поцрните“, заклучи адмиралот.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе