Иницијатива Појас и пат

„За мојот пријател Путин диплома за почесен доктор“. Путин: „Благодарам пријателе“ (ФОТО)

Кинескиот претседател Си Џинпинг му предаде диплома за почесен доктор на Универзитетот во Пекинг на својот „пријател“ Владимир Путин.

Двајцата водачи се состанаа на самитот за иницијативата Појас и пат во Пекинг.

Универзитетот Синхуа во Пекинг, каде што студирал кинескиот претседател Си, му додели на Путин диплома за почесен доктор, објави денеска Кремљ.

„Задоволство ми е да му ја врачам оваа титула на мојот најдобар пријател“, рече кинескиот претседател Си на церемонијата организирана во Пекинг, пренесоа руски официјални агенции.

Путин одговори дека дипломата претставува голема чест за него и му се заблагодари на својот „драг пријател“ Си Џинпинг за споделувањето на тој момент со него.

На церемонијата присуствуваше и ректорот на Универзитетот Сју Јунг.

Путин и Си учествуваа на отворањето на самитот Појас и Пат во Пекинг, каде присуствуваа околу четириесет шефови на држави и влади. Потоа на билатерален состанок разговараа за руско-кинеските економски односи.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе