За ЕУ принудното слетување на авионот на Рајанер во Белорусија е акт на државен тероризам

Авионот на Рајанер кој летал за Летонија, кој белоруските власти го натерале да слета во Минск, повторно полетал и е на пат кон Вилнус, објави комесарката на Европската комисија за сообраќај Адина Валеан.

EPA-EFE

„Авионот на Рајанер тукушто полета од Минск и се наоѓа на пат кон Вилнус. Одлична вест, особено за семејствата и пријателите на луѓето кои се во авионот“, напиша Валеан на Твитер.

Белоруските власти му наредија денес на авионот на Рајанер на лет од Грција кон Летонија присилно да слета во главниот град Минск и потоа уапсија еден од главните белоруски опозициски новинари и активисти кој се наоѓал во авионот, соопштија функционери и активисти за човекови права, што ги разгневи лидерите на европските земји.

Опозицискиот медиум Некста наведе дека нивниот поранешен главен уредник Роман Проташевич полицијата го привела бидејќи неговото име е на листата на барани лица по масовните минатогодишни улични протести кои избија по изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Лидерите на Европската Унија заедно побараа од Белорусија да го пушти авионот и сите патници да го продолжат патувањето и ја критикуваа „целосно неприфатливата акција“.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го осуди како „акт на државен тероризам“ и побара од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ЕУ утре да размисли за „моментални санкции“ против Белорусија. Самитот на шефовите на државите и владите на економскиот блок се одржува утре и задутре.

Белоруското министерство за внатрешни работи прво го потврдило на Телеграм приведувањето на Проташевич, но потоа ја избришало пораката, пренесува Франс прес.

Авионот на линија Атина-Вилнус бил во белорускиот воздушен простор и речиси стигнал до Летонија кога пилотот бил присилен да ја смени насоката.

Белорускиот претседател Лукашенко наводно лично наредил борбен авион МиГ-29 да го пресретне авионот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе