Потпретседателот на косовското собрание тврди

За договорот за нормализација нема многу да се прашуваат ни Србија ни Косово

Како одговор на спротивставувањето на опозицијата на предлогот што побрзо да се постигне договор, Хаљити рече дека „само будалите може да им се спротивстават на САД“.

Потпретседателот на косовското собрание, Џавит Хаљити рече дека за договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија нема многу да се прашуваат ни Приштина ни Белград.

Тој за КТВ изјави дека во текот на оваа година ќе биде постигнат правно обврзувачки договор, и тоа само благодарение на високиот притисок на западната дипломатија.

„Имаме официјална политика на САД, која се изјасни дека би сакала и дека ќе прифати историски договор меѓу Косово и Србија, но дека не прифаќаат каков било договор. Баланс значи дека Србија има некои одредени интереси на Косово. Зборувам врз основа на она што го слушам по медиумите на Србија , да биде постигнат посебен статус за Српската православна црква во Косово“, рече Хаљити.

Тој вели дека во медиумите се зборува за присоединување на четири општини од северот на Косово во Србија, онака како на Косово се зборува за обединување на Прешевската долина со Косово.

„Мислам дека ќе биде исклучително голем притисок да се постигне договор и за тоа малку ќе се прашуваат Косово и Србија“, рече Хаљити кој исто така е висок функционер на ДПК.

Тој очекува договорот да се заврши на еден заеднички состанок од кого ќе се излезе со потписи на договорот.

Како одговор на спротивставувањето на опозицијата на предлогот што побрзо да се постигне договор, Хаљити рече дека „само будалите може да им се спротивстават на САД“.

Тој очекува на крај и опозицијата со тоа да се согласи, „кога ќе бидат притиснати до ѕидот“.

„Не верувам дека Америка има било каков интерес да бара нешто што не е во интерес на Косово. Сега цената треба да ја платат двете страни, нешто што треба да го дадеме, сега не знам што точно е тоа. Не дека ќе ни се бара, туку тоа ќе биде одлучено и ние тоа доброволно ќе го потпишеме“, рече Хаљити.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе