За девет месеци во Мексико се убиени повеќе од 88 политичари

Најмалку 88 политичари се убиени во нападите на организирани криминални групи во Мексико во последните девет месеци.

Фото: ЕПА

Според локалните медиуми, во извештајот објавен пред федералните избори закажани за јуни во Мексико, се наведува дека организирани криминални групи убиле 88 политичари во последните девет месеци.

Во извештајот се наведува дека заканите и уцените кон градоначалниците, парламентарците и кандидатите се зголемени пред федералните избори, кои треба да се одржат за шест дена, а се нагласува дека државните безбедносни мерки се покажале недоволни.

Во извештајот се забележува и дека Чивава, Веракруз и Канкун се најопасните места за политичарите.

Според извештајот на Здружението на локалните органи на власта во Мексико, објавен на 10 март 2021 година, помеѓу 2006 и 2020 година организираните криминални групи убиле 192 градоначалници во Мексико.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе