За да се зачленат Шведска и Финска во НАТО ќе треба нов самит, вели турски експерт

Беше нагласено дека Турција во принцип не се спротивставува на приемот на двете нордиски земји во НАТО, туку пред сè е заинтересирана да добие писмени гаранции што ќе ја решат загриженоста за нивните врски со „терористичките организации“.

Фото: ЕПА

Турција нема да ја даде дозвола за кандидатурата на Шведска и Финска за влез во НАТО на самитот на блокот во Мадрид закажан за крајот на јуни, рекол денеска за ТАСС шефот на Институтот за надворешна политика со седиште во Анкара.

„Не може да се очекува од Турција да даде зелено светло на самитот во Мадрид. Порано или подоцна, Шведска и Финска ќе се приклучат во НАТО. Тоа е многу малку веројатно да се случи оваа година и може да е потребно Алијансата да одржи уште еден самит“, посочи Хусеин Багчи.

Тој нагласи дека Турција во принцип не се спротивставува на приемот на двете нордиски земји во НАТО, но пред сè е заинтересирана да добие писмени гаранции што ќе ја решат загриженоста за нивните врски со „терористичките организации“, односно Курдистанската работничка партија (ПКК), т.н. Сириски демократски сили (СДФ) и организацијата ФЕТО.

Според експертот, поради непоколебливиот став на Турција кон Шведска и Финска, нивната кандидатура за членство во НАТО сега станала покомплицирана отколку кога тие за прв пат ги објавија своите планови за пристап во блокот. „Дојде време за дипломатија зад затворени врати“, истакна тој.

Директорот на Институтот за надворешна политика ги негираше наводите дека Анкара извршила притисок врз двете нордиски земји во обид да игра во полза на Русија и исто така да извлече одредени отстапки од Соединетите Држави, особено во однос на снабдувањето со оружје.

На 18 мај, шведскиот и финскиот претставник во НАТО ги доставија барањата на своите земји за пристапување во алијансата до генералниот секретар Јенс Столтенберг. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тогаш изјави дека Анкара нема да ги поддржи Шведска и Финска да влезат во НАТО додека двете земји не го утврдат својот став за споменатите организации, кои Анкара ги смета за терористички групи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе