Косовската полиција соопшти

За 24 часа одложено изрекувањето казни за српските регистарски таблички на Косово

Полицијата на Косово соопшти дека за 24 часа е одложена примената на одлуката на косовската влада од 21 ноември да почне со изрекување парични казни за возилата со српски регистарски таблички за Косово.

EPA-EFE

„Со одлуката, изрекувањето на опомените ќе продолжи до 21 ноември, а по овој датум од 22 ноември до 21 јануари 2023 година, за сите сопственици на возила кои се движат на територијата на Република Косово со вакви нелегални регистарски таблички, според официјалната одлука, косовската полиција ќе почне со спроведување на казнување со парични казни во согласност со законите“, се наведува во соопштението.

Се истакнува дека од 1 ноември до денес се изречени 1.740 опомени за сопствениците на возила со српски регистарски таблички на Косово.

Како што соопшти косовската влада утре во Брисел ќе се сретнат премиерот на Косово Аљбин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ и единствена точка на состанокот е наоѓање решенија за надминување на тензиите предизвикани од одлуката на владата на Косово за пререгистрација на возилата.

Одлуката за одложување на казните за 24 часа во Приштина се оценува како давање можност за наоѓање решение за проблемот со регистарските таблички, но и на други отворени прашања со Белград.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе