ВВФ почнува нов проект, целта е намалување на отпадот од храната

Светската организација за заштита на природата ВВФ претстави проект за намалување на отпадот од храна истакнувајќи дека годишно во светот се фрла околу третина од произведената храна, односно околу 1,3 милијарди тони, а на ниво на ЕУ 88 милиони тони.

„Освен што со количеството создаваме голем притисок на депониите, со неправилното одложување на тој отпад се испушта метан, а покрај тоа се потребни огромни количества тло, вода и енергија за производство на тоа прекумерно количество храна“, истакнаа од ВВФ (Светски фонд за природата). Тие напоменуваат дека дури 50 милиони тони овошје и зеленчук во Европа се фрла исклучиво поради „неправилната“ форма, што чини 140 милијарди евра, и дека во домаќинствата се создава повеќе од 53 отсто отпад од храна.

Проблемот со отпадот од храната, истакнаа, „стои рамо до рамо“ со проблемите со климатските промени или пластиката, а фрлањето на храната е и голем социјален проблем имајќи го предвид растот на бројот на гладни и сиромашни.

Истакнаа дека поради тоа почнуваат проект за помош, првично, на хотелите да го намалат својот еколошки отпечаток преку програмата за намалување на отпадот од храна.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе