Се подготвува нов бран

„Вулканско цунами“ уби најмалку 168 луѓе во Индонезија, стотици се повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 168 луѓе загинаа, а повеќе од 800 се повредени откако цунами удри во прегот на Сундскиот теснец во Индонезија, соопштија властите. Си-ен-ен јавува дека по цунамито на жителите им е издадено предупредување дека може да има уште еден удар и им се советува да се одалечат од брегот.

Од агенцијата за управување со кризни ситуации јавија дека се оштетени стотици објекти.

Се проценува дека причината за цунамито е лизгање на морското дно по ерупцијата на вулканот Кракатау, пренесуваат агенциите.

Сундскиот теснец меѓу Јава и Суматра ги поврзува Јаванското Море и Индискиот Океан.

Властите истакнуваат дека бројот на жртвите на цунамито, кое во индонезискиот брег удри синоќа во 21:30 часот по локално време, најверојатно ќе расте.

Меѓу најпогодените области е популарното летувалиште Танжунг Лесунг.

Сопственик на еден од хотелите за Би-би-си изјавил дека до сега од урнатините извадиле најмалку 90 тела. „Секоја минута наоѓа уште тела“, изјавил тој. Додал дека во моментот на ударот на цунамито во хотелот имало најмалку 500 луѓе, од кои повеќето се водат како исчезнати.

Пред цунамито немало никакво предупредување.

Експертите анализираат дали цунамито го придвижил вулканот Анак Кракатау, вулкански остров во Сундскиот теснец.

Индонезиската геолошка агенција извести дека вулканот еруптирал во петокот и дека ерупцијата траела две минути и 12 секунди, создавајќи облак од пепел висок 400 метри.

Индонезија често ја погодуваат земјотреи бидејќи се наоѓа во Огнениот прстен, линија на чести земјотреси и вулкански ерупции која речиси целосно ја следи линијата на брегот на Тихиот Океан.

Цунаму во Индискиот Океан на 26 декември 2004 предизвикан од земјотрес уби 226.000 луѓе во 13 земји, вклучувајќи 120.000 во Индонезија.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе