Вулканот на Нов Зеланд и понатаму е активен, се стравува дека нема повеќе преживеани (ВИДЕО)

Властите на Нов Зеланд соопштија дека осум лица сѐ уште се водат како исчезнати по неочекуваната ерупција на вулканот на Белиот Остров.

Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека стравува дека нема повеќе преживеани по ерупцијата на вулканот на остров, во која загинаа најмалку 5 лица, а 31 се повредени, а како што се наведува се стравува дека ќе има уште жртви бидејќи спасувачките служб не можат да стигнат до Белиот Остров од безбедносни причини.

Според соопштението на полицијата, меѓу повредените има Новозеланѓани и туристи од Австралија, САД, Британија, Кина и Малезија.

Портпаролката на полицијата изјави дека 31 лице се наоѓаат во болинца и потврди дека пет лица загинаа.

Премиерката Џасинда Ардерн им кажа на новинарите во Вакатане, гратче во близина на вулканскиот остров, дека поголемиот број луѓе кои се наоѓаат во болница се во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе