„Бидејќи државата успеа да ги разбие големите нарко картели“

Вулин: Звицер сака да му се одмазди на Вучиќ, имаме претпоставки каде се наоѓа

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин изјави денес дека организираната криминална група, која наводно ја предводи Радоје Звицер, „сака да му се одмазди на претседателот на Србија Александар Вучиќ, бидејќи државата успеа да ги разбие големите нарко картели“.

EPA-EFE

Вулин за РТС кажа дека постојат „многу основани постапки каде се наоѓа Звицер“ и повтори дека „тој не работи сам, туку дека има политички шеф“.

Според него, тој политички шеф не е во Србија, туку е дел од структурите на власта на некои наши блиски држави“ и дека тој е „човек кој со децении раководи со слични луѓе како Радоје Звицер“..

На прашањето за кого станува збор, српскиот министер кажа дека „не би било коректно да излегува со имиња пред да се поднесе обвинение“.

„Повеќе од јасно е дека луѓето како Звицер ниту настанале ниту постојат без активно учество на политиката и без улога во спроведувањето на одредена политика“, наведе Вулин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе