„Да се бара од Србија да ѝ воведе санкции на Русија и да го признае таканаречено Косово, и сè во иста резолуција, тоа го може само некој кој не знае ништо за Србија, кој е надмен или кој е член на Европскиот парламент или сите три. Не знам ни како да разберам од Србија да се бара повеќе медиумски плурализам и во исто време да се бара забрана на медиумите чии основачи се од Русија, бидејќи вршат руска пропаганда, но разбрав дека сите лаги за Србија и за претседателот на Србија, кои секој ден се кажуваат во медиумите чии основачи доаѓаат од земјите на Европската Унија, не се предмет на загриженост“, кажа Вулин.
Тој наведе дека „тие лаги се лековити како лагата која послужи да се почне погромот на Косово и Метохија во 2004 година, дека Србите со своите кучиња ги натерале шиптарските деца во Ибар, или како онаа лага дека (српскиот претседател Александар) Вучиќ одредувал кого да тепаат во Глина или лагата дека го држел Сараево на нишан“.
Вулин додаде дека Србија е на европскиот пат веќе со децении и дека „му се чини дека е вистинско време воената неутралност да прерасне и во политичка“.
„Ако не е јасно зошто, слободно прочитајте ја резолуцијата на европратениците во која од Србија се бара она што ниту го може, ниту сака да го направи. Србија ќе продолжи доследно да се придржува до почитување на принципот на територијалниот интегритет, што за Европската Унија не може да се каже“, изјави српскиот министер за внатрешни работи.
Во текстот на извештајот за Србија кој го усвои Европскиот парламент меѓу другото од Белград се бара да се усогласи со санкциите против Русија, и дека тоа е клучен елемент кој ќе го одреди целосниот напредок на таа земја на патот на пристапување во ЕУ.