„Србија на сила мора да одговори со сила“

Вулин: Ова е обид за државен удар, сите непријатели на Србија се среќни

Министерот за одбрана на Србија оцени за телевизија Пинк дека сѐ ова што се случува втора вечер по ред во Белград не се протести против мерките во борбата против коронавирусот, туку обид за државен удар.

EPA-EFE

„Сите непријатели на Србија се среќни. Да се гледаат центарот на Белград, на Нови Сад, како горад, како се напаѓа српската полиција, сограѓаните, да се уништува сѐ во оваа земја, може да ги израдува само непријателите на Србија“, кажа Вулин.

„Од српските власти се бара да се тргнат и да се дозволи разни насилници, фашисти, екстремисти да се обидат да ја преземат власта без избори“, додаде Вулин и повтори дека таквите собири немаат никаква друга цел освен насилство и обид за државен удар.

Вулин кажа дека сѐ ова што се случува не е ништо друго освен обид за предизвикување граѓанска војна.

„Државата Србија ќе победи, државата мора да победи, ќе го сочуваме владеењето на законот, владеењето на правото и силата на законот мора да го победи насилството“, заклучи Вулин.

Тој вчера порача дека „или секој политичар кој повикува на насилство и секој насилник што го уништува Белград ќе биде пронајден и казнет, или во Србија нема демократија. Србија на силата мора да одговори со силата на законот“.

„Државата Србија мора да докаже дека во неа владеат законите, а не силеџиите и политичарите кои само со сила можат да влезат во собранието“, порача српскиот министер за одбрана.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе