„Не ми е јасно зошто границите на Балканот се непроменливи“

Вулин: Националното прашање да се реши со обединување на Србите во една држава

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин кажа дека не му е јасно зошто границите на државите на Балканот се непроменливи и зошто српското национално прашање не би се решило конечно со тоа што би дошло до обединување на Србите во една држава.

EPA-EFE

Коментирајќи го „нон пејперот“, неофицијалниот документ испратен до функционерите на Европската Унија, кој наводно предлага распаѓање на Босна и Херцеговина и обединување на Република Српска со Србија, тој кажа дека не би го изненадило доколку таков предлог навистина постои, како и дека тој би го отсликал „апсолутното лицемерие“ на официјален Брисел.

„Тие на Балканот нè доживуваат како играчки. Тие кои веруваат дека ЕУ ни посакува нешто добро, се лаже... На Балканот очигледно националните прашања се решаваат со тоа што нацијата се обединува во единствена политичка структура, во една држава“, кажа Вулин за ТВ Пинк.

Српскиот министер додаде и дека негово лично мислење е дека „Србите треба да имаат единствена држава“, а не на српската влада или на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Коментирајќи ги критиките за планот за распад на БиХ и обединување на РС и Србија, Вулин кажа дека станува збор за ставови на „случајни Срби“, кои однапред се определуваат против идеите кои се добри за Србија.

„Кога српското ткиво се кине тоа е правилно, а сега, кога постои идеја дека Србите треба да се обединат тоа мора да се спречи“, смета Вулин.

Тој кажа и дека го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, како и Дејтонскиот договор, но дека и тамошните политичари зборуваат дека тоа е нефункционална држава.

„Добро прашање е дали тие сакаат да живеат заедно, или тоа го наметнале моќните странци... Не ми паѓа на ум да се мешам, но мора да остане во рамки на мандатот на Дејтонскиот договор. Неа ја сочинуваат два ентитети и три народи“, оцени Вулин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе