Српскиот министер за внатрешни работи

Вулин: На Албанците им е наредено односите со Србија да ги затегнат до пукање

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин изјави денес дека е разбирливо тоа што јавноста во Србија е вознемирена од најновите еднострани потези на Приштина.

EPA-EFE

Српскиот министер истакна дека нивната цел е, како што оцени, српскиот претседател Александар Вучиќ да се повлече и да ја смени надворешната политика на Србија.

Вулин истакна дека на Албанците им е наредено односите со Србија да ги затегнат до пукање за, како што кажа, Србија воено да реагира, при што би се вмешале нивните заштитници, по што би настанал хаос. „Тоа е еден вид притисок врз Вучиќ да се повлече, да ја смени надворешната политика на Србија.

Ние сме единствените кои не ѝ воведовме санкции на Русија, туку сме повеќе од јасни кога станува збор за конфликтот во Украина“, кажа Вулин и додаде дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, но дека нема да ѝ воведе санкции на Рисија.

Зборувајќи за најавеното одземање на српските таблички на возилата на Косово, Вулин наведе дека станува збор за обид за вовлекување на Србите од северот на покраината во војна, но дека тоа не е начин на кој Србија би реагирала. На прашањето за распоредување српска полиција на Косово, Вулин кажа дека постои можност, но дека тоа нема да се случи како со сите работи кои што не се почитуваат кога станува збор за Приштина.

„Поентата на сето ова е ние да ѝ воведеме санкции на Русија. А што ќе правиме ние после за гас?“, праша Вулин.

„Војската е многу подобро опремена од што беше, но поважно од оружјето е тоа што во војската се луѓе кои ја сакаат својата земја Србија. Не се закануваме, нема да има војна, употреба на војска, само кажувам да не се обидувате да ги протерате српските деца од северот на Косово и Метохија“, порача Вулин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе