Српскиот министер за одбрана

Вулин: Можеби Бугарија дозволува други да ѝ ги бираат пријателите и непријателите, ние не

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин изјави дека Бугарија умее да дозволи други да ѝ ги бираат пријателите и непријателите, а Србија тоа не го дозволува.

„Бугарија умее да дозволи други да ѝ ги бираат пријателите и непријателите. Србија тоа не го дозволува и како самостојна земја самата одлучува за себе и самата ги бира своите пријатели. Има Бугарија свои проблеми и нека се грижи за нив“, изјави Вулин коментирајќи ја изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева која реагираше на изјавата дека во Србија е активна мрежа на бугарски разузнавачи.

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов ги отфрлија претходно денес тврдењата на српскиот новинар и политичар Милован Дрецун дека Бугарија е вмешана во актуелната разузнавачка афера во Србија.

Захариева во интервју за телевизијата Нова го опиша тоа како „последната во низата бесмислени и лажни обвинувања на политичарите против Бугарија“.

„Она што јас го гледам на таа снимка е разузнавач и тоа не од Бугарија, туку од една друга земја, како врбува високорангиран припадник на војската на Србија. Ние сме многу збунети од тие обвинувања и категорично ги негираме“, кажа Захариева.

Таа додаде дека се надева дека тоа е лично мислење на Дрецун, а не и став на српскиот државен врв и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Се надевам дека тоа не е официјален став на Србија“, кажа таа.

Бугарската министерка ја советуваше Србија да се фокусира на своите внатрешни проблеми наместо да се „обидува да најде оправдување меѓу соседите“.

Таа потсети дека Бугарија секогаш ги поддржувала европските интеграции на Србија, но дека ваквите изјави не придонесуваат на добрите билатерални односи и не се во духот на добрата волја меѓу двете држави.

Бугарскиот министер за одбрана Каракачанов кажа дека обвинувањата на Дрецун не се вистинити.

„Фактот дека Србија има проблем не значи дека Бугарија треба да биде жртвеното јагне и да служи за одвлекување внимание од внатрешните проблеми на Србија“, кажа тој.

Дрецун претходно кажа дека против Србија веќе некое време се водат низа хибриди операции, како и дека амбиентот во кој е објавена снимката укажува дека зад објавувањето стои бугарски истражувачки новинар.

Тој наведе и дека Бугарија неодамна бурно реагираше на присуството на ракетниот систем С-400 на заедничките вежби на Србија и Русија.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе