Српскиот министер за одбрана

Вулин: Кој Србин и да го купат да биде со усташите, нема да можат да ја сменат вистината за Олуја

По повод хрватското одбележување на 25-годишнината на воено-полициската акција Олуја, српскиот министер за одбрана Александар Вулин истакна дека „акцијата Олуја е злосторство“.

EPA-EFE

„И кој Србин и да го купат или довлечкаат на прославата на протерувањето на Србите и да го стават да стои со Анте Готовина и другите усташи, нема да може да ја смени вистината за граѓанската војна која ја предизвикаа, колењето и убивањето на српските деца во бегалските колони“, наведе Вулин во пишана изјава.

Истакна дека „власта која им крева споменици на терористи и именува улици по усташи не може да ја заузда радоста што Хрватска е исчистена од Србите“.

Претседателот на опозициската српска Народна партија, поранешниот шеф на дипломатијата и некогашен претседавач со Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ оцени дека „Хрватска избра идентитетот на државата да го гради врз основа на акцијата Олуја“ во која „несомнено се извршени воени злосторства врз Србите“.

Според него, таквата одлука на Хрватска ќе претставува оптоварување за идните односи и за императивот на регионалното помирување.

„Од огромна важност е да се свртиме кон иднината и, не заборавајќи ја својата историја и она што е зад нас, да се обидеме да се свртиме кон соработка и добрососедски односи“, порача Јеремиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе