Српскиот министер за одбрана

Вулин: Додека е Вучиќ на власт, Србија нема да биде членка на НАТО пактот

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, на средбата со министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, кажа дека Србија ќе продолжи да ја следи политиката на воена неутралност.

Србија, како што кажа Вулин, додека Александар Вучиќ е на нејзиното чело, нема да биде дел од НАТО пактот или кој било друг воен сојуз.

Заблагодарувајќи се што годишнината од солободувањето на Белград е одбележана и во Москва, Вулин истакна дека Србија „во својата историја никогаш не ја избрала погрешната страна, и многу поголеми земји треба да учат од неа“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана, наведувајќи дека средбата се случи во Пекинг.

Генералот на руската армија Шојгу ги покани Вучиќ и припадници на војската на Србија следната година да учествуваат на парадата во Москва по повод 75-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Тој ја честиташе 75-годипнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна, наведувајќи дека Русија и Србија поднеле големи жртви во борбата против фашизмот и дека земјите ги цени не според големината туку според придонесот во историјата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе