Српскиот министер за одбрана

Вулин: Целта на протестите е Србија да се прикаже како општество на раб на војна

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин уште една негираше дека 63-тата падобранска бригада во Ниш одбила да излезе на улиците по повод демонстрациите во тој град.

EPA-EFE

„Тие не можат да му одбијат послушност на врховниот командант, ниту мене. По законот, на демонстрациите можат да излезат само припадници на воената полиција, никако 63-тата падобранска која нема ниту еден пендрек“, кажа Вулин.

Тој го истакна случајот како пример за специјалната војна која се води против војската на Србија.

„Тоа е одличен пример да се објасни како се води специјалната војна против српската војска. Прво пуштате информација на некој опскурен портал. Потоа други повлијателни портали ја пренесуваат таа информација без наведување извор. Потоа се шири по други медиуми кои се вмрежени и на крајот доаѓа до соседството“.

Вулин смета дека демонстрациите кои се одржуваат низ Србија се организирани.

„На почетокот на протестите кажав дека на силата на насилниците ќе одговориме со силата на законот. Дали сметате дека толку многу факели можат да се купат во слободна продажба, или пак солзавец? Гас маски исто така нема во слободна продажба, оние кои сите ги носеа. Целта е Србија да се претстави како општество на раб на војна“, истакна Вулин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе