Коронавирус

Вухан се враќа во нормала, но вирусот се шири низ Европа, во Италија над 10.000 заразени

Вухан, жариштето во Кина каде што почна епидемијата, се враќа во нормала.

Ситуацијата во покраината Хубеи, епицентарот на епидемијата, продолжува да се стабилизира, па шести ден по ред се забележува намалување на бројот на новозаразените. Вчера во главниот град на провинцијата, Вухан, се пријавени само 13 нови случаи, што е и вкупниот број во Хубеи. Главните служби во Вухан повторно почнуваат да работат, објави денеска провинциската влада на Хубеи.

Ова се однесува на клучните сектори, како што се јавниот превоз, производителите на медицинска опрема и на основните работи, пренесува АП.

Во Кина повторно се забележува зголемување на бројот на новопотврдените случаи по четири последователни дена пад на бројот на заразените, како резултат на приливот на луѓе од странство.

Во континенталниот дел на Кина вчера беа потврдени 24 нови случаи на коронавирус, за 19 повеќе од претходниот ден, соопшти Националната здравствена комисија.

Од тој број, во 10 случаи вирусот бил дијагностициран кај луѓе што влегле во Кина, со што вкупниот број заразени лица од странство достигна 79, пренесува Ројтерс. Шест нови случаи на коронавирус беа откриени во вторникот во Пекинг, вклучително и лица што доаѓаат од Италија и САД.

Во Италија, која по Кина е најпогодена од коронавирусот, за 24 часа починаа 168 луѓе, што е најголем број во еден ден од 21 февруари, кога беа регистрирани првите случаи. Регистрирани се и нови 977 заразени, со што во Италија вкупниот број сега е 10.149.

 

Кои земји се најтешко погодени во Европа?

Епидемијата на ковид-19 се шири низ цела Европа, при што бројот на заразените во последните неколку дена расте како што зачестуваат тестирањата. Бројките се менуваат цело време, но еве ја сегашната состојба.

Италија - која има најголем број заразени надвор од Кина - има повеќе од 10.000 заразени и 631 починат.

Франција пријави 1.784 заразени и 33 починати.

Шпанија има 1.689 заразени и 36 починати.

Германија има 1.200 заразени и двајца починати.

Швајцарија има 476 заразени и тројца починати.

Велика Британија има 382 заразени и шестмина починати.

Холандија има 382 заразени и четворица починати.

Денеска Белгија, која има 267 заразени, соопшти дека починал првиот пациент од ковид-19.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе