Вухан се отвора по два месеци карантин (ВИДЕО)

Кинескиот град Вухан, од каде што почна епидемијата на коронавирусот, денес по два месеци почна да ги укинва мерките на карантин со враќање на дел од јавниот сообраќај во погон и отворајќи ги границите.

Вухан, во кој епидемијата изби на крајот на декември, беше затворен два месеци. Неговото отворање е симбол на пресвртот во кинеската борба против вирусот кој во меѓувреме стигна во над 200 земји низ светот.

Меѓу првите кои во саботата со брз воз пристигнаа во градот е 19-годишниот студент Гуо Лиангкаи чиј едномесечен работен ангажман во Шангај се продолжил на три месеци.

„Многу сум среќен што можам да го видам моето семејство“, кажа Гуо откако на главната станица го пречекала мајка му. „Сакавме да се прегрнеме, но сега е специјален период и не смееме да се гушкаме“.

Властите во градот со 11 милиони луѓе применија драконски мерки за да спречат влез или излез на луѓето од неговата територија.

Семејствата мораа да останат дома, прекинати беа јавниот и такси превозот, а работеа само продавниците со најнеопходните производи.

„Мислам дека враќањето на работа ја буди надежта. Или барем покажува дека Кина е победничка“, вели 35-годишниот Жанг Јулан кој се вратил на своето работно место.

Кинеската национална здравствена комисија денес објави дека ден претходно се забалежани 54 нови случаи на заболување од кои сите се увезени. Во централна Кина со тоа бројот на заразените порасна на 81.394. Бројот на смртните случаи се зголеми за уште три, на вкупно 3.295, додаде комисијата.

Околу 60 отсто од случаите во Кина беа во Вухан, но тие во изминатите недели значително паѓаат, што е знак дека мерките дејствуваат. Последниот случај на локален пренос на вирусот во тој град во провиницијата Хуабеи беше забележан во понеделникот.

Додека денес против брзиот раст на бројот на заразените се борат Соединетите Американски Држави, Италија и Шпанија, Кина е фокусирана на ризикот од увезените случаи – главно кинески државјани кои се враќаат од странство.

Од денес е забранет влезот во Кина на странските државјани со важечки визи или дозволи за престој.

Иако се намалува бројот на заразените и мерките се ублажуваат, властите на Вухан сепак не ги препуштаат нештата на случајноста.

Денес на железничката станица пристигнале заштитени персонал и волонтери, делеле средства за дезинфекција и поставувале знаци кои ги потсетуваат патниците дека им е потребен здравствен код со кој преку мобилен телефон им се дозволува употреба на јавниот сообраќај.

Јавноста во Кина е загрижена дека непознат број асимтоматични носители по ублажувањето на мерките го шират вирусот, не знаејќи дека се заразени.

Животот во Вухан и понатаму е далеку од нормалата. Огромен број продавници сѐ уште се затворени, а на улиците сѐ уште има блокади. Жителите не смеат да го напуштаат градот до 8 април.

Некои жители дошле на железничката станица за да проверат дали ќе биде можно да се напушти градот порано.

Жена која се претставила само со презимето Жанг раскажала дека внукот дошол да ја посети на крајот на кинеската лунарна година во јануари, од кога е одвоен од своите родители кои се во јужниот град Шенжен. Школите во тој град наскоро се отвораат, па Женг се надева дека внукот наскоро ќе успее да се врати дома.

„Требаше да замине на петтиот ден од празникот, но тука е веќе неколку месеци“.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе