Вучиќ: Знам што ќе му понуди Путин на Западот, ако не прифатат, а нема, ќе настане пекол

Конфликтот во Украина всушност веќе се претвори во светска војна, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк.

Фото: ЕПА

Вучиќ смета дека Западот се бори против Русија преку своите сојузници во Киев.

„Мораме да разбереме дека сме среде светска војна, бидејќи веќе нема смисла овој конфликт да се нарекува регионален. Имено, цел Запад се бори против Русија преку Украинците. Ова е глобален конфликт“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Според Вучиќ, оваа војна ќе стане уште полоша, а нејзиниот одглас може да се почувствува и на Балканот. Претседателот на Србија посочува дека „ќе направи сѐ за да го зачува мирот“.

Вучиќ, исто така, смета дека Русија наскоро ќе му пристапи на Западот со „некој предлог“, особено во контекст на напредувањето на руските сили во Донбас.

„Знам што нѐ чека. Штом Путин ќе си ја заврши работата во Северск, Бакмут и Соледар, па ќе дојде до линијата Славјанск-Краматорск-Авдивка, ќе излезе со предлог. И ако Западот не го прифати, а нема го прифати, ќе настане пекол“, рече Вучиќ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе