„Важен ден за Србија“

Вучиќ: Земја во која Американците сакаат да инвестираат има иднина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека земја во која Американците сакаат да инвестираат има иднина.

EPA-EFE

Вучиќ по потпишувањето на заедничката изјава за отворање на канцеларија на американската Меѓународна развојна финансиска корпорација ДФЦ во белград, кажа дека денес е важен ден за Србија.

„Што се однесува до доаѓањето на ДФЦ во Белград, и кога ќе го ставиме на страна симболичното значење, таму каде што тие ќе отидат и каде што Американците сакаат да инвестираат, таму има иднина. Тоа се добри сигнали и одлични симболи за таа земја“, кажа Вучиќ во Белград по средбата со делегацијата од САД која ја предводат извршниот директор на ДФЦ Адам Болер и специјалниот претставник на Белата куќа за дијалогот на Белград и Приштина, Ричард Гренел.

Вучиќ оцени дека Србија од 1881 година, кога на договорен начин ги регулирала трговските односи со САД, немала волку важен договор со Америка.

„Мислам дека ја подотворивме вратата на старите пријателства со САД по договорот во Вашингтон. Тие разговори не беа лесни, но Србија ќе ги исполни своите обврски од тој договор“, кажа Вучиќ.

Додаде дека идејата на Србија е да развива економски односи со партнерите на Западниот Балкан.

„Сакаме да имаме четири големи слободи, слобода на движење на луѓето, стоката, услугите и капиталот. Тоа ќе ја смени атмосферата во регионот и ќе ги унапреди животите на луѓето“, кажа српскиот претседател.

Додаде дека корист од последните договори ќе имаат и српскиот и албанскиот народ.

„Наше е да се грижиме за просперитетот на луѓето, време е да се грижиме за народот. Ова е добра зделка и за Србите и за Албанците и за сите други. Тоа е најдобрата порака за сѐ она што денес се случува во Белград“, кажа Вучиќ.

Додаде дека сака да му се заблагодари на претседателот на САД Доналд Трамп кој, според него, сакал да го слушне и да искаже почит за српскиот народ и граѓаните на Србија.

Вучиќ додаде дека Гренел за време на разговорите го отворил прашањето на соработката на Србија и САД на обновата на зградите на министерството за одбрана и Генералштабот во Белград кои беа оштетени за време на НАТО бомбардирањето во 1999 година.

Претходно премиерката на Србија Ана Брнабиќ и извршниот директор на ДФЦ Адам Болер потпишаа изјава за отворање на канцеларија на развојната корпорација во Белград.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе