Вучиќ: Западот не сака да разговара кому му припаѓа Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави за РТС дека во последните три дена во САД имал „тешки и напорни средби“ околу прашањето на Косово.

„Не преговараме само со Албанците, туку со оние што го создадоа независно Косово“, кажа Вучиќ и додаде дека за средбите „не може премногу да зборува“.

Како што кажа, имал низа средби кои биле маратонски, а на крајот се видел и со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

„Задоволен сум од нашата работа и трудот, но не од резултатите. Се надевав на поголемо разбирање, не сум задоволен од она што го постигнав. Веќе подолго време зборуваме за иднината на Србија, за Косово... Се обидуваме да најдеме компромисно решение, но албанската страна си ја работи работата, а меѓународната заедница својата. Не сум задоволен, бидејќи западните сили тврдо стојат на зачувување на независноста на Косово“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател кажа и дека на Гутереш му кажал дека Србија е „спремна на компромис, но не и да ги жртвува сите свои интереси“.

„За да ја подготвам платформата за нашите граѓани морам да ја добијам поддршката од меѓународната заедница за нешто. Меѓутоа, Западот не сака воопшто да разговара за тоа кому му припаѓа Косово“, кажа Вучиќ.

Тој истакна и дека Србија денес ја плаќа цената за погрешните одлуки од минатото, и дека врз Србија ќе има големи притисоци.

„Нема ништо џабе, ќе плаќаме уште долго. Ќе има големи притисоци, од различни страни“, заклучи Вучиќ.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе