Вучиќ за Земан и Косово: Дефинитивно има некакво преиспитување

Разговорите меѓу претседателот на Чешка Милош Земан и премиерот на таа земја Андреј Бабиш покажуваат дека постои некаков вид преиспитување, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Сепак, како што додаде, не може да каже дали Србија може да очекува конечен резултат што би ѝ се допаднал.

На новинарското прашање, по разговорот на чешкиот претседател и премиер и изјавата дека прашањето за преиспитување на признавањето на Косово ќе се најде пред владата и сенатот, дали е оптимистичен дека ќе дојде до повлекување на признавањето, претседателот на Србија кажа дека не може да зборува за тоа.

„Благодарен сум му на претседателот Земан, но и на премиерот Бабиш за тоа што разговарале на таа тема. Тоа покажува дека темата постои, дека постои некаков вид преиспитување, но дали ние можеме да очекуваме конечен резултат кој би ни се допаднал, не знам“, кажа тој.

Вучиќ истакна дека сето ова покажува колку Чесите ја почитуваат Србија и колку се искрени пријатели на српскиот народ.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе