Вучиќ за воведувањето санкции на Русија: „Засега не постои таква можност“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека главната тема на Светскиот економски форум во Давос била Украина, а на прашањето дали забележал во средбите со светските лидери дека му замеруваат за добрите односи на Србија со Русија, Вучиќ кажа дека сите му замеруваат.

EPA-EFE

Зборувајќи за тоа што барале од него, српскиот претседател кажа дека тоа не оди така лесно.

„Тие зборуваат што е нивната идеја и што тие очекуваат, а што ќе бараат, тоа е како да дојдат и да кажат – ајде воведи санкции и фино излези надвор. Како да го побараат тоа: Не оди тоа баш така. Тоа можеше кога Србија не беше држава“, кажа Вучиќ.

На прашањето дали постои можност Србија да ѝ воведе санкции на Русија, тој кажа дека засега не постои таква можност.

„Што ќе биде во иднина, јас не знам што носи животот и како сè ќе изгледа. Јас не сум од оние што се колнат па не исполнуваат нешто, јас повеќе сакам да не се колнам, а да направам нешто. Секогаш тој пристап бил многу подобар и секогаш на тој пристап повеќе сум му верувал отколку на оние кои се колнат во сè на светот, веднаш знам дека ќе направат поинаку“, кажа Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе