Вучиќ за вакцинирањето: Моравме да се погрижиме за себе

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа за Јуроњуз дека Србија морала да се погрижи сама за себе кога станува збор за вакцинирањето против коронавирусот.

EPA-EFE

Србија е предводничка во Европа по бројот на вакцинираните. Земјата не е членка на Европската Унија и досега не добила многу помош од Брисел во настојувањето да го вакцинира населението, пишува Јуроњуз.

„Не критикувам никого, но моравме да се погрижиме за самите себе“, кажа Вучиќ.

Србија своите граѓани ги вакцинира со кинеската и руската вакцина, и со таа на Бајонтек/Фајзер, а до крајот на февруари треба да ја добие и вакцината на Астра Зенека.

„Сите вакцини се многу безбедни, некои од Истокот се посигурни од оние од Западот, но сите се одлични“, додаде Вучиќ. Кажа дека една од вакцините веројатно го спасила животот на неговата мајка, која е хоспитализирана, но девет дена по вакцинирањето почнала да создава антитела.

Србија досега вакцинирала 550 илјади луѓе, од кои 50 илјади со две дози, а Вучиќ истакна дека до крајот на февруари планира да стигнат до повеќе од милион луѓе, што е 15 отсто од населението. За споредба, Европската Унија досега вакцинирала само три отсто од своето.

„Не добивме ниедна вакцина од Ковакс, туку само од билатералните договори со американски Фајзер, Кина и Русија, не и со ЕУ“, кажа Вучиќ, мислејќи на светската програма за распределување на вакцините за сиромашните земји под организација на Светската здравствена организација.

Вучиќ се воздржа од критики на сметка на ЕУ.

„Не се чувствуваме напуштени од ЕУ и нема ништо да коментирам бидејќи Србија е на пат кон тој сојуз. Ја цениме улогата на Оливер Вархељи, другите еврокомесари и Урсула фон дер Лејен“, кажа тој за комесарот на ЕУ за проширување и за претседателката на Европската комисија.

Истакна дека било јасно дека државите ќе се соочат со недостиг од вакцини бидејќи пред една година истото се случи со респираторите па додаде дека Србија е спремна да им донира вакцини на Македонија и другите соседи бидејќи треба и тие да бидат вакцинирани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе