Добиле податоци од една европска земја

Вучиќ за сознанијата на српската полиција за атентатот: Распишани се потерници, надлежните преземаат мерки

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека една земја од Европската Унија им ги проследила сознанијата за заканите за атентат и дека надлежните органи ги преземаат сите мерки за тоа да се спречи.

EPA-EFE

Вучиќ кажа дека надлежните органи во Србија ги имаат сите податоци, дека распишале потерници и трагаат по одредени лица.

Тој кажа дека земјата од ЕУ била многу коректна и фер. Тие јавиле од каде треба да стигне оружјето, го имаат и името.

Наведе дека стотици милиони евра, па и милијарди, се вложени во дестабилизацијата на Србија, и тоа се причините за новите напади, пренесува РТС.

Вучиќ оцени дека можните причини некој да подготвува атентат на него е фактот што е многу направено со големите апсења против нарко-картелите во Србија, но и затоа што на многумина им е во интерес дестабилизацијата на Србија.

„Сигурен сум дека многу направивме со големите апсења на нарко-картелите во Србија и тие не можат да функционираат ако немаат на поширок план поддршка од одредени државни структури. Тука не станува збор за 10 милиони евра, туку стотици милиони, и милијарди евра. Јас никое од тие лица, чии имиња ги добив, никогаш ниту сум видел, ниту чул. Не постои ништо лично. Исто така дестабилизацијата на Србија на многумина би им била во интерес. Тоа се некои можни причини“, кажа српскиот претседател за сознанијата дека се подготвува атентат врз него.

Истакна дека е важно да се чува стабилноста, Србија да ја продолжи борбата против нарко-картелите, да нема заштитени, сите да се еднакви пред законот.

„Обичниот човек не го интересира дали некој ми се заканува мене, или не. Луѓето ги интересира дали некој на нивните деца кога ќе ги однесат во училиште, на спортски натпревар, ќе им даде дрога. Тука мораме да бидеме посилни. Исто така им значи дали децата им се безбедни кога ќе излезат во град, дека органите на редот се тука да ги заштитат, дека имаме безбедни и сигурни улици“, истакна претседателот на Србија.

Кажа и дека секогаш е скептичен и дека не сака да крева паника кога добива податоци за можен напад, бидејќи тоа не е лесно да се изведе.

Укажа дека обично такви приказни изнесуваат политичарите кога немаат што да понудат.

Меѓутоа, како што додаде, таквите приказни продаваат весници, секунди на телевизија и за тоа е полесно да се зборува отколку за инвестициите.

„Тоа е борба за кликови“, кажа Вучиќ.

Истакна дека во дојавата од европската земја е напишано и од каде треба да стигне оружје, кој треба да го преземе.

„Има сè, имиња, не е празна приказна. Дали тоа е можно да не е вистина и да не се оствари? Се надевам дека е можно“, истакна Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе