За оценката на изборите на северот на Косово

Вучиќ за соопштението на западните амбасади: Ништо поглупаво не сум прочитал во својот живот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача дека е изненаден од соопштението на амбасадите на Германија, Италија, Франција, Британија и САД по изборите за градоначалници на општините на северот на Косово и Метохија.

Тој истакна дека од тоа соопштение само може да се заклучи дека некои се незадоволни од тоа што изборите минале мирно.

„Сакам да им честитам на инвентивноста. Јас ништо поглупаво во својот живот не сум прочитал“, кажа Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања.

Тој вака го искоментира заедничкото соопштение на амбасадите на Германија, Франција, Италија, Британија и САД, кои оценија дека изборниот процес во четирите мнозински српски општини на северот на Косово минал во мирна атмосфера, но и потсетија дека „сѐ уште има нерешени прашања кои ги следеа и изборите во 2017“.

Вучиќ кажа дека овие западни земји испратиле свои набљудувачи за да најдат некаква неправилност и грешка за која би ги обвиниле Србите, но дека не успеале да најдат ништо, па затоа во соопштението морале да кажат дека имало притисоци во 2017 година.

„Каква смисла има тоа?“, праша српскиот претседател и додаде дека тоа покажува дека на некој му е жал што изборите минале мирно.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе