Од 1 јануари

Вучиќ: За секое првородено дете ќе дадеме по 300.000 динари

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека државата од 1 јануари наместо досегашните 100.000 динари за првородено дете ќе плаќа 300.000 динари (157.000 денари) за дополнително да се поттикнат раѓањата и најави дека ќе се измени Законот за семејство, пишува Н1.

Фото: ЕПА

Вучиќ на прес-конференцијата рече дека ќе се работи за дополнителни пари за раѓање на второ дете, бидејќи смета дека второто дете е „еден вид пресвртница“. Тој прецизираше дека овие мерки подетално ќе бидат објавени во следните 15 дена.

„Го имаме предвид фактот дека исчезнуваме како нација, дека нè има се помалку, бидејќи податоците покажуваат дека стапката на наталитетот е само малку поголема од 1,5, а за проста репродукција стапката треба да биде 2,15. Ние сме се постари и економскиот напредок ќе зависи од тоа како ќе обезбедиме напредок на нацијата со овие демографски мерки“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Тој посочи дека помошта од 300.000 динари ќе биде издвоена од државниот буџет, а Градот Белград и многу други градови ќе продолжат да им помагаат на родилките.

Вучиќ додаде дека денеска мајките го раѓаат своето прво дете во Србија на 30 години и најави дека ќе се обидат да ги мотивираат студентите да не бегаат од раѓање деца.

„Доколку добијат дете, мерката за студентите ќе биде да не важат за нив испитните рокови, но дека факултетите мора да ги завршат до 26 години, а Медицински факултет до 28 години, за секогаш да можат да полагаат“, објасни Вучиќ.

Тој додаде дека така ќе се создаде поинаква социјална средина и овие млади луѓе нема да имаат впечаток дека ја уништиле кариерата затоа што ги исполниле своите родителски потреби.

Како што најави, државата неповратно ќе дава учество за станови на млади брачни парови. Имотот ќе биде запишан „на мајката“, што ќе биде одлична мерка што ќе им значи на младите парови, но ќе го поттикне и градењето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе