Вучиќ за Ројтерс: Се исплатеа напорите, прва релативно оптимистична вест

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека се исплателе напорите на Германија и Франција повторно да ги придвижат преговорите меѓу Белград и Приштина.

EPA-EFE

Тој кажа и дека се надева на постигнување на обострано прифатлив договор.

„Никој не може да гарантира што ќе се случи на крајот на процесот, но ова е прва релативно оптимистична вест“, кажа Вучиќ во интервју за Ројтерс, иако не можеше да прецизира кога договор би можел да биде постигнат.

Косовското прашање Ројтерс го нарекува еден од „најтешките територијални спорови во Европа“.

Вучиќ по видео-конференцијата со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, и косовскиот премиер Авдулах Хоти истакна дека сака да се помират Србите и Албанците, кои сѐ уште се под страв од војните во 90-тите.

„Не ме интересира дали тоа ќе се случи за месец или за две години“, кажа Вучиќ во поглед на постигнувањето решение.

Британската агенција потсетува дека Косово неколку години по НАТО бомбардирањето на Србија прогласи независност, која Белград не ја признава, што е предуслов за членството на Србија во ЕУ.

Дијалогот на Белград и Приштина е во застој речиси две години, продолжува Ројтерс и додава дека разговорите на Вучиќ и Хоти ќе продолжат во Брисел, а ќе ги предводат шефот на ЕУ дипломатијата Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе