Во врска со неодамнешниот договор

Вучиќ за Ројтерс: Нема брзо политичко решение за Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа во интервју за британската агенција Ројтерс дека договорот за економска соработка на Белград и Приштина нема нужно да го забрза и политичкиот договор на двете страни.

EPA-EFE

Белград и Приштина се согласија да се преземат чекори кон економска соработка, вклучувајќи работа на заеднички инфраструктурни проекти, во договорите потпишани во Белата куќа месецов, кои претседателот на САД Доналд Трамп ги нарече „пробив“ во односите на двете страни, потсетува Ројтерс.

Вучиќ договорите ги опиша како „голем чекор во правилната насока“, но истакна и дека патот до политичката нормализација е сѐ уште долг.

„Мислам дека таквите договори се многу важни за да се зачува мирот и еднаш засекогаш да ги решиме нашите проблеми, да имаме јасна иднина за своите деца“, кажа српскиот претседател.

Иако економската соработка ја опиша како „клучна за какви било идни политички договори“, Вучиќ кажа дека тоа не значи дека „вели дека се блиску до политичко решение“.

Тој иднината на Србија ја гледа во врамнотежени односи и со Истокот и со Западот, дури и ако тоа значи „повремено да ги налути двете страни“.

„Ако живеете во мала земја која е географски сместена на крстопат, тогаш вашата политика би требало да биде одржување на мирот и стабилноста, или со никого да не се карате, што е невозможно, или да се карате со сите подеднакво“, ја опиша сликовито позицијата на Србија.

Тој повтори дека Србија е на европскиот пат, но дека мора да живее и има пријатели во САД, но и во Москва и во Пекинг, и дека не се срами од тоа.

Ројтерс наведува дека Вучиќ неодамна ризикуваше конфликт со Кремљ со тоа што се откажа од воените вежби во Белорусија.

„Понекогаш, за да ја заштитиме својата воена неутралност, остануваме сосема сами“, кажа во интервјуто за британската агенција српскиот претседател Вучиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе