Тој кажа дека на тоа тешко се работи, а врз основа на она што се гледа денес, особено откако на должност стапи новиот претседател на САД Џозеф Бајден, повторно притисокот ќе биде само врз Србија.
Вучиќ, на констатацијата на Билд дека Србија може да влезе во ЕУ само „заедно со соседната држава Косово“, која не ја признава, и прашањето кога тоа ќе се смени, одговори:
„Вие велите дека тоа е соседна држава, ние не. Тоа е прашање на аспект и услов за ЕУ. Ние тоа го гледаме поинаку. Да, ние мораме да најдеме компромис со Приштина и напорно работиме на тоа. За вас тоа нешто што од 2008 година е завршено. Но за нас, нормално, не е така. За Мадрид, Атина, Никозија, Братислава тоа, исто така, не е јасно, тие не ја признаваат Приштина“.
На прашањето како може да изгледа тој компромис, Вучиќ кажа дека е загрижен бидејќи, по она што денес го забележува, а особено по стапувањето на Џо Бајден на претседателската функција во САД, повторно ќе биде вршен притисок само врз Србија.
„Затоа сум загрижен. Ако сакаме да го одржиме мирот, ако сакаме да дојдат повеќе инвеститори од Германија, тогаш ни се потребни одржливи решенија. Не верувам во замрзнати конфликти, за разлика од повеќето луѓе тука, бидејќи постои опасност еден ден некој да дојде и да ги одмрзне“, истакна српскиот претседател.
На прашањето со кого му е поедноставно да преговара – со претседателот на Русија Владимир Путин, на Турција Реџеп Таип Ердоган, на Кина Си Џинпинг, или на Франција Емануел Макрон, односно со германската канцеларка Ангела Меркел, Вучиќ истакна дека со сите мора да разговара и дека и тие разговараат меѓу себе.
„Зошто можете со Русија да разговарате за Северен тек, зошто можете со Кина да разговарате за нивните фабрики и компании? Зошто вие би биле единствените кои на тоа имаат право?“, праша Вучиќ.