„За мене е важно да кажа дека конфликтот во Нагорно Карабах покажа како замрзнат конфликт може да ескалира во вистинска катастрофа“, кажа Вучиќ наведувајќи дека мора да се извлечат поуки и лекции.
„Една од нив е дека не треба на нашите деца да им оставиме замрзнат конфликт. Компромис не значи дека ќе постигнеме, бидејќи за тоа се потребни две страни“, кажа српскиот претседател.
Наведе и дека светот, освен со соопштенија, не е спремен да реагира, а што и да се случи, на крајот мора да сметате на сопствените сили.
„Затоа Србија ќе продолжи да јакне економски и воено.
Може да ни се случи некаков конфликт, мораме да водиме сметка за иднината на нашите деца и иднината на Косово и Метохија“, истакна Вучиќ.