Вучиќ за изјавата на Тачи: Подобро е сто години да разговараме, отколку еден ден да војуваме

Пред заминувањето за Брисел, каде ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, претседателот на Србија Александар Вучиќ во Хелсинки порача дека ниту е исплашен, ниту провоцира.

На прашањето за коментар на изјавата на претседателот на Косово Тачи, кој изјави дека поради би разговарал со ѓаволот и дали е таа навреда или став на некој што се плаши, српскиот претседател одговори дека ниту се плаши, ниту некого провоцира.

„За некои сум педер и фашист, за Хрватите сум терорист заедно со Александар Караѓорѓевиќ, за Тачи сум ѓавол, а за добар дел од луѓето во Србија сум пред сѐ предавник бидејќи треба да бидам ѓавол на куб, и терорист на куб, за да не сум предавник“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека го кажува тоа за да посочи колку е тешка позицијата на Србија и колку мора да се однесува одговорно, и поодговорно и посериозно од другите за да се зачуваат мирот и стабилноста.

„Не ми е пријатно да разговарам ни со Тачи, ни со кој било друг, но тоа го работам бидејќи ми е работа“, истакна српскиот претседател. „Подобро 100 години да преговараме отколку еден ден да војуваме“, порача Вучиќ.

Во Брисел денес попладне се сретнуваат претседателите на Србија и Косово во рамки на продолжувањето на дијалогот за нормализација на односите на Белград и Приштина, во кој посредува шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе