Вучиќ за идејата за „српски свет“: Границите на Србија се неповредливи, а туѓите не нè интересираат

Официјалната политика е дека границите на Србија се неповредливи, а Белград не се занимава со туѓите граници, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ги критиките во регионот по изјавата на српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин за создавање „српски свет“.

EPA-EFE

Вулин претходно кажа дека „српскиот свет“ го гледа како еден „политички и државен простор“ кој треба да се оствари „апсолутно мирно, без испукан куршум“, и дека не знае колку време ќе треба за обединување на сите Срби во една држава, но дека предуслов е креирањето политичко единство „во политичка смисла“ и Србите да се обединат и да ги почитуваат одлуките на Белград.

Властите на Босна и Херцеговина го повикаа Вучиќ да се огради од изјавите на Вулин, Приштина смета дека тие пораки „ја отсликуваат политиката на официјален Белград“, додека од Црна Гора стигна поддршка од просрпската партија Демократски фронт.

Коментирајќи ги критиките упатени до Вулин од земјите од регионот Вучиќ оцени дека „не станува збор за хајка на Вулин“ туку против него и Србија.

„Секој пат велат „тоа се Вучиќ и Србија“ бидејќи мораат во Србија да најдат виновник за сè. Затоа е важно луѓето да знаат што е официјалната политика на Србија – дека границите се неповредливи, а туѓите граници не нè интересираат. Мораме да ги чуваме своите и на јасен и недвосмислен начин да покажеме што е нашата политика“, кажа Вучиќ.

На прашањето како ги коментира тврдењата дека изјавите на Вулин носат фашистички пораки, Вучиќ потсети дека тоа биле оценки на партиски собир и дека во коментарите на тие оценки „од Србите лесно се прават фашисти, а од сите други пријатели“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе