Вучиќ за идејата „српски свет“: Границите на Србија се неповредливи, а туѓите не нè интересираат

Официјалната политика е дека границите на Србија се неповредливи, а Белград не се занимава со туѓи граници, порача денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по изјавата на министерот за внатрешни работи Александар Вулин за создавање „српски свет“.

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Коментирајќи ги критиките упатени од земјите и регионот до министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, заради изјавата за создавање „српски свет", Вучиќ оцени дека не станува збор за хајка на Вулин, туку на Србија, пренесе Н1.

„Секој пат велат ‘тоа се Вучиќ и Србија’ затоа што мора во Србија да пронајдат виновник за сè. Затоа е важно луѓето да знаат што е официјалната политика на Србија, тоа е онаа што вели дека границите на Србија се неповредливи, а туѓите граници не нè интересираат. Ние мора да ги чуваме нашите и на јасен и недвосмислен начин да покажеме каква е нашата политика“, рече Вучиќ.

Запрашан за проценките дека изјавите на Вулин носат фашистички пораки, Вучиќ оцени дека е интересно како оние што даваат такви проценки „лесно од Србите прават фашисти, а од сите други свои пријатели“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе