Вучиќ за Харадинај: Што има тој мене да ми пишува писма

Што воопшто се грижи за мене (косовскиот премиер) Рамуш Харадинај, кога нему ни големите, како Трамп, Меркел и Макрон не му можат ништо, праша иронично српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој ова го кажа по повод изјавата на Харадинај дека тој, Вучиќ, се труди да ја одоброволи Приштина да ги укине царините, а дека тоа не им успеало ни на спомнатите светски лидери.

„Што може некој мал Вучиќ во споредба со Меркел и Макрон? Тој (Харадинај) е великан на светската политика, јас не сум. Тој е од таа големина – Трамп, Меркел, Макрон и Харадинај. Јас сум цела лига под нив, нема што тој да се грижи“, кажа Вучиќ на новинарското прашање да ги искоментира тврдењата од писмото на Харадинај дека српскиот претседател се обидува да ја натера Приштина да ги укине царините, што не им успеало ни на Трамп, Меркел и Макрон.

„Тој (Харадинај) е голем и моќен. Тие се големи, силни и моќни. Ние сме мали“, додаде српскиот претседател и повтори дека не гледа зошто тогаш Харадинај се замара со него, Вучиќ.

Како што додаде, не знае зошто Харадинај нему воопшто би му пишувал писмо, бидејќи со него нема никакви односи, а го видел само еднаш, во Берлин.

„Што има мене тој да ми пишува писма“, кажа Вучиќ. „Јас писма можам да очекувам од некој друг“.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му испратил писмо на претседателот на Србија Александар Вучиќ во кое го обвинува дека поради царините направил план за вештачко предизвикување хуманитарна криза и дестабилизирање на северот на Косово.

Харадинај на прес-конференција на српски јазик кажа дека му испратил писмо на Вучиќ, како и дека за наводниот план на Белград ги информирал САД и ЕУ.

„Граѓаните на северот не можат да бидат заложници. Тие се заложници на оваа ситуација и не е во ред тоа да се форсира“, кажа тој.

„Намерата не ни е да им го отежнуваме животот на граѓаните на северот и не го разбираме планот на Србија на сила да увезува стока на Косово. Не може на сила, времето за силата помина. Ако направиме договор за меѓусебно признавање во постоечките граници, тогаш доаѓаат и економски односи и слободна трговија“, кажа Харадинај.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе