Вучиќ за Грција и признавањето на Косово: „Официјално сме информирани, се надеваме дека нема да оди понатаму“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека добил официјално известување дека Грција планира да ги унапреди своите односи со Приштина на ниво на канцеларија за врски.

EPA-EFE

Вучиќ истакна дека верува во пријателството со Атина и дека нема да оди чекор понатаму – во признавање на самопрогласената независност.

Српскиот претседател кажа дека своевремено, кога Приштина воведуваше царини на стоката од Србија, ја отворила можноста да се отворат трговски канцеларии, но дека сега се отишло ниво повисоко.

„Денес бевме официјално информирани дека ќе ги унапредат своите односи со Приштина на повисоко ниво, политички директори, што е највисоката можна личност до нивото министер“, објасни Вучиќ.

Тој кажа дека ќе ја моли Грција тоа да не се случи, бидејќи следниот чекор е признавање на независноста.

Тоа според него е проблем бидејќи не се покажува само дека Европа може да биде обединета против интересите на Србија на Косово, туку и поради фактот што е спротивно на меѓународниот правен поредок.

Кажа дека постои дополнителна опасност други држави да бидат притиснати да го направат истото.

Тогаш, како што кажа, би се одело на билатерални преговори, каде некоја трета земја би ја претставувала Приштина во меѓународните организации, и така би станала дел од НАТО.

„Многу е тешка ситуацијата за нас. Го повикавме грчкиот амбасадор на разговор, но нема да преземаме никакви мерки, бидејќи веруваме во пријателството и се надеваме дека нема да оди кон понатамошни мерки и приближување“, истакна Вучиќ.

На прашањето дали добил уверувања дека Грција нема да ја признае независноста на Косово, кажа дека такви уверувања добива секој ден, но дека фактите зборуваат дека тие го „зголемуваат нивото на односите со Косово и Метохија“.

Најавено е грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас да ја посети Приштина на почетокот на јуни, и дека ќе се сретне со претставници на косовските институции.

„Во следниот период очекувам повеќе посети на Белград, и да се врши притисок. Ќе има и преку регионалните иницијативи обиди да се обезбеди косовската независност. Ќе се нудат некои решенија кои на прв поглед ќе изгледаат добро, но зад сето тоа де факто се крие признавање“, заклучи српскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе